Официјално: Мекгрегор и Нурмагомедов ќе се борат во октомври!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Поранешниот УФЦ-шампион во лесна категорија Конор Мекгрегор ќе има шанса на шести октомври да го врати појасот.

Мекгрегор во акција не сме го виделе уште од 2016. година и натпреварот против Еди Алварез, а во рингот повторно ќе влезе на крајот на годинава кога на УФЦ 229 настанот ќе се бори против Кабиб Нурмагомедов.

УФЦ соопшти дека преговорите биле успешни, а борбата ќе се одржи на шести октомври, па се очекува да се продадат најмногу билети во историјата.

Од друга страна, Нурмагомедов во професионалната ММА-кариера е непоразен, па во моментов има импресивна серија од 26-0.

„Сакам да го натерам да се бори, да го изморам и на крајот да се откаже. Тоа е мојата стратегија. Не сакам да го завршам рано“, кажа Нурмагомедов.