Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Летово Атлетико Мадрид од Селта го откупи Џони Кастро.
Сепак, стана јасно дека нема да има многу простор на „Ванда Метрополитано“, па е проследен на позајмица во Вулверхемптон, кој е ресно поврзан со фудбалскиот агент, Жорж Мендеш.
Повратниот во највисокиот ранг на англискиот фудбал игра одлично оваа сезона, споменатиот Мендеш им помогна да состават респактибилна екипа, а Џони одлично се вклопи во екипата, па се појавија приказните дека управата на клубот од Бирмингем би можела да го откупи неговиот договор од „Јорганџиите“.
Тоа е сега направено, на сајтот на Вулвс осамна и потврдата, управата на клубот платила 17 милиони евра на Атлетико за 24-годишниот Шпанец со потпис на договор важечки до 2023. година.
Џонатан Кастро запиша 22 настапи за „Волците“ оваа сезона и постигна еден погодок.