Официјално: Меси уште четири години во Барселона


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Од редовите на Барселона и официјално потврдија дека Лео Меси се согласил да го продолжи договорот со клубот.

Аргентинецот во следните денови треба да потпише продолжување на договорот со Барселона до 2021 година.

Од Барселона истакнаа дека се пресреќни што Меси, најдобриот фудбалер во историјата, кој цела кариера ја поминал во клубот се решил на продолжување на верноста со клубот.

Се шпекулира дека во договорот ќе има и неверојатна откупна клаузула за Лео Меси која ќе изнесува 300 милиони фунти.