Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓
Од клубот од Торино пред неколку минути објавија дека и официјално се разделиле со нивниот досегашен тренер, Синиша Михајловиќ.
Српскиот интернационалец беше на чело на „биковите“ во претходните 18 месеци, а минатата сезона Торино имаше доста успешна година. Сепак оваа година не им одеше најдобро и од раководството на клубот одлучија да му врачат отказ на Србинот.
Најсериозен кандидат за наследник на Синиша Михајловиќ во Торино е поранешниот тренер на Наполи и Интер, Валтер Мацари.