Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓
Од таборот на Валенсија и официјално потврдија дека нов играч на клубот е напаѓачот на Челси, Мичи Батсуаи.
Белгискиот репрезентативец ќе ја помине следната сезона како позајмен фудбалер на „Местаља“.
24 годишниот напаѓач минатата полусезона ја помина на заем во Борусија Дортмунд каде постигна девет погодоци на 14 натпревари.
Иако се очекуваше Сари да му даде шанса на напаѓачот, сепак тој уште една сезона ќе помине во друг клуб, пред и конечно да биде донесена одлука за неговата иднина на „Стемфорд Бриџ“.