Официјално: Мојс нов предводник на „Чеканите“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Од редовите на Вест Хем и официјално потврдија дека Дејвид Мојс ќе биде замената за Славен Билиќ кој вчера заработи отказ од клубот.

Шкотскиот стратег доби краток договор до крајот на сезоната, што значи дека ќе мора да се докажува за да добие продолжение на соработката со „Чеканите“.

„Ни треба поддршка, во овој момент сите треба да бидат со нас. Имаме голема работа пред себе, но јас сум сигурен дека ако сите сме заедно ќе ги постигнеме резултатите кои ги посакуваме почнувајќи од сега па до крајот на сезоната“- коментираше Дејвид Мојс во своето прво интервју како тренер на Вест Хем.