Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Саутемптон официјално го назначи Маурисио Пелегрино за нивен нов тренер.
Поранешниот шеф на Алавес се договори за тригодишна соработка со клубот од „Сент Мери“, а на менаџерското столче ќе го замени Клод Пуел.
„Многу сум среќен што сум нов тренер на Саутемптон. Клубот има одлична репутација и има силна и стабилна структура, се натпреварува во Премиер Лигата и игра атрактивен фудбал.“– беа првите зборови на Пелегрино по потпишувањето на договорот.
Пелегрино ќе се приклучи на тимот следната недела пред стартот на подготовките за новата сезона.