Официјално: Перез останува во Форс Индија


    Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


    Перез ги прекина шпекулациите за иднината бидејќи потврди дека и наредната година ќе остане во тимот на Форс Индија.

    Мексиканецот имаше 2 подиуми оваа сезона. Се веруваше дека ќе се пресели во Рено, но на крајот Форс Индија ќе го има во истиот состав.

    „Задоволен сум што можам да потврдам дека и наредната година ќе возам во Форс Индија. Многу сум задоволен во овој тим и имам убаво чувство пред иднината.“

    Перез е моментално 8-ми во генералниот пласман, а Форс Индија е моментално на 4-то место во конкуренција на конструктори.