Официјално: Познато името на новиот предводник на Лестер


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Од таборот на Лестер не чекаа многу и го потврдија наследникот на Клод Пуел на клупата на клубот.

Французинот пред два дена заработи отказ, а веќе денес и официјално како нов менаџер на клубот беше претставен Брендан Роџерс.

46 годишниот поранешен тренер на Ливерпул пристигна на „Кинг Пауер“ откако доби дозвола од Селтик да преговара со Лестер.

Брендан Роџерс ќе остане во таборот на Лестер до 2022 година, а во првата изјава за клупскиот сајт истакна дека е привилегиран што ќе го води тимот во Премиер лигата.