Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Шпанскиот фудбалер од редовите на Барселона, Денис Суарез се согласи да го продолжи договорот со каталонскиот клуб до 2021 година.
Веднаш откако беше пуштена рака за нов договор на играчот од средниот ред падна договор тој да се пресели во Арсенал на позајмица до крајот на сезоната.
„Топчиите“ ќе имаат можност да го откупат неговиот договор во јуни оваа година, а ваквиот расплет на настаните следеше поради тоа што актуелниот договор на играчот истекуваше во 2020 година, па од Барса не се согласуваа да го пуштат на заем со таков договор затоа што во јуни ќе го продадеа за многу помали пари.
Инаку Емери многу добро го познава Суарез затоа што и двајцата беа во Севилја во сезоната 2014/15. Играчот од средниот ред за Барса во изминатите три сезони одигра 71 натпревар на кои запиша осум погодоци.
Од Барселона потврдија дека Суарез потпишал нов договор со клубот и дека веднаш ќе се пресели во Арсенал, но потоа веднаш ја избришаа објавата.