Официјално: Реал го потврди и Себаљос


Како започна приказната со Goblin Games - од гаража до бренд! ↓↓↓


Реал Мадрид потврди дека постигнале договор со Реал Бетис околу трансферна младиот фудбалер, Дани Себаљос.

Репрезентативецот на младата репрезентација на Шпанија со Реал Мадрид потпиша шестгодишен договор.

Играчот ќе биде претставен на медиумите на 20 јули во прес собата на клубот и на „Сантијаго Бернабе“.

Во петок, на 21 јули, Дани Себаљос треба да им се приклучи на новите соиграчи кои веќе се на турнејата во САД.