Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Голем шок за Реал Мадрид доаѓа од канцелариите на шпанската фудбалска федерација. Објавена е казната која ја добива Роналдо.
Кристијано Роналдо е суспендиран за наредните пет меча откако вчера вечерта во дуелот со Барселона во рамките на шпанскиот Супер Куп го бутна судијата кога овој му додели црвен картон.
Ситуацијата се случи во 82-та минута, кога во инцидент кој се случи во шеснаесетникот на Барселона влегоа во дуел Роналдо и Умтити, Роналдо падна и судијата тоа го класифицираше како глумење и му додели втор жолт картон на португалецот. Првиот жолт картон Роналдо го доби само две минути претходно, откако го соблече дресот при прославата на голот со кој му донесе водство на Реал Мадрид со 1:2.
Петте меча суспензија се резултат на два фактори: првиот е тоа што Роналдо доби црвен картон и со тоа добива автоматска суспензија од еден меч а останатите четири меча од суспензијата се должат на тоа што играчот на Реал Мадрид го бутна судијата.
Се добива впечаток дека Роналдо сепак се извлече со мала казна, бидејќи според правилникот на шпанската федерација казната за напад на судија може да биде од 4 до 12 меча суспензија.