Официјално: Русија го реши селекторското прашање!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Станислав Черчесов ќе го предводи тимот на Русија уште две години, а тоа беше потврдено на официјалниот веб-сајт на Фудбалскиот сојуз на Русија.

Черчесов потпиша договор и ќе ја води Русија на претстојните пријателски натпревари, дуелите од Лигата на Нации, како и во текот на квалификациите за Европското првенство во 2020. година.

Фудбалскиот сојуз на Русија му се заблагодари на Черчесов и неговиот стручен штаб на успехот, кој го постигна на Мундијалот.

Черчесов ја предводи Русија од 11. август 2016. година, а на 25 натпревари има 10 порази, осум реми и седум победи со гол разлика 37-37.