Официјално: Хадерсфилд донесе играч од Монако


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Од редовите на Хадерсфилд денес потврдија дека Теренс Конголо ќе биде нивното прво засилување во јануарскиот преоден рок.

Тимот предводен од Давид Вагнер го договори холандскиот интернационалец на шестемсечна позајмица.

23 годишниот Конголо се пресели во Монако во летниот преоден рок од редовите на Феенорд, но по само шест натпревари во дресот на тимот од Кнежевството му беше дозволено да се приклучи на тимот кој се натпреварува во Премиер лигата.