Официјално – Хесе Родригез се пресели во Шпанија!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Шпанскиот фудбалер се врати во својата татковина, поточно во Лас Палмас.

Тој се враќа на позајмица од тимот на ПСЖ до крајот на сезоната. Хесе оваа сезона одигра само 9 натпревари во Лига 1 и постигна 1 гол.

Ова е сигурно изненадувачки трансфер со оглед на тоа дека станува збор за фудбалер кој сигурно без проблеми може да се избори за првиот тим на ПСЖ, но никогаш не доби вистинска шанса кај Емери.

За неговите услуги беа заинтересирани тимови како Ливерпул, Миделсброу и Рома.