Официјално: Шурле се врати во Премиерлигата (ВИДЕО)


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Германскиот фудбалер Андре Шурле се врати во Премиерлигата, откако потпиша договор со Фулам.

Шурле во вторникот пристигна во Лондон, а трансферот беше договорен уште пред пристигнувањето на новиот тренер Јокановиќ.

Германскиот фудбалер пристигнува на двегодишна позајмица, а на тој начин се враќа во Премиерлигата, откако претходно две години играше за Челси.

Шурле за Челси постигна 11 гола на 44 натпревари, а има настапувано и за Мајнц, Баер Леверкузен, Волфсбург и Борусија Дортмунд.