Официјално: Ѕвездата на Ливерпул потпиша нов повеќегодишен договор со клубот


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


26 годишниот репрезентативец на Сенегал и член на Ливерпул, Садио Мане уште долго време ќе остане во градот на Битлси затоа што доцна синоќа беше објавено дека го продолжил договорот со клубот.

Мане потпишал нов петгодишен договор кој ќе биде со важност до јуни, 2023 година. Офанзивниот фудбалер е еден од најдобрите играчи на Јирген Клоп, па оваа вест со сигурност со големо задоволство ќе ја примат сите фанови на „црвените“.

„Многу сум среќен што го продолжив договорот со Ливерпул. Ова е одличен ден за мене и сега ќе се насочам да му помогнам на тимот да ги постигне целите и да освоиме некои трофеи“-коментираше Мане кој зад своето име има 40 погодоци во 89 натпревари за Ливерпул.