Официјално: Јунајтед искористи клаузула за да го продолжи договорот со Марсијал


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Манчестер јунајтед направи неверојатен потег, односно ја искористи клаузулата за да му го продолжи договорот на Ентони Марсијал, како што направи и со Давид де Хеа.

Тоа значи дека Марсијал во лето нема да биде слободен фудбалер, но би можел да влезе во последната година од договорот наредниот јуни.

Засега, Марсијал одби да го продолжи договорот, па постои можност да замине бесплатно за 18 месеци.

Англиските медиуми пишуваат дека Марсијал не сака да остане поради Жозе Мурињо, но очигледно се создаде толку голем хаос на „Олд Трафорд“, па никој не може да понуди гаранции за амбициите на клубот.

Во секој случај, Мурињо најверојатно ќе остане на тренерската клупа до крајот на сезоната, па потоа ќе добие отказ, доколку не го однесе клубот во топ 4.