Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тимот на Сан Антонио Спарс денеска објави дека ја продолжува соработката со еден од милениците на публиката уште на две години. Ману Џинобили ќе остане со тимот и во наредните две сезони!
Ману Џинобили и Сан Антонио Спарс се договорија да ја продолжат соработката уште на најмалку две години и денеска легендарниот аргентински кошаркар потпиша нов договор со тимот од Тексас.
Деталите од договорот не беа откриени на барање на тимот, но до почетокот на сезоната ќе се дознае колку пари заработува Џинобили и дали има опција за продолжување на договорот на повеќе од две сезони.
Наредната сезона ќе биде 16-та за Ману Џинобили во НБА, и тој ги одигра сите претходни 15 сезони во дресот на Сан Антонио Спарс.