Охрид подготвен за школата на Барселона


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Во период од 21 до 27 август, на терените од СРЦ „Билјанини извори“ ќе гостува фудбалската школа на реномираниот фудбалски клуб Барселона. Подготовките за почеток и непречено одвивање на школата се завршени.

„Охрид треба да биде горд на она што успеа да го реализира во минатите неколку месеци колку што траеја преговорите со фудбалскиот клуб Барселона, кој што резултираа со договор за одржување на летен камп за деца од 6 до 16 години. Зборуваме за професионален камп организиран од страна на фудбалскиот клуб Барселона, односно според стандардите и правилата кој што тие ги имаат усвоено. Ќе кажам дека ова е уште еден голем успех и на Локалната самоуправа и на ЈП „Билјанини извори“, но и на сите оние релевантни структури кој се ангажирано ви спортот во Охрид за денес да имаме можност еден вака голем фудбалски гигант и воопшто вака големо спортско друштво какво што е Барселона го донесеме во Охрид“, изјави градоначалникот Никола Бакрачески.

На овој камп се очекува да земат учество повеќе од стотина деца од земјата и странство. Покрај развојот на спортот и стимулирањето на младата популација да се занимава со спорт, овој камп има и друго значење, а тоа е промоцијата на градот. Со одлуката школата на Барселона да се одржува во Охрид, градот се позиционира на светската мапа на соработници на ФК Барселона.