Оцени за играчите на Барселона и Реал: Најдобар играч на натпреварот е Хрватот!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во продолжение следат мислењата за играчите по натпреварот помеѓу Барселона и Реал Мадрид.

Барселона:

Тер Штеген 6.5 – Го одбрани ударот на Роналдо, но ништо не можеше да стори при ударот на Рамос во последната минута.

Серхи Роберто 6.5 – Одигра добар натпревар, го чуваше Кристијано Роналдо додека во нападот не можеше ништо да направи. Имаше добра шанса на старот на натпреварот.

Жерар Пике 7 – Во првото полувреме одигра одлично, спаси сигурен гол кога успеа да ги блокира напаѓачите на Реал.

Хавиер Маскерано 6.5 – Можеше да биде досуден пенал, Маскерано се извлече на крајот на првото полувреме. Всушност, добар натпревар за него.

Жорди Алба 6.5 – Имаше една добра интервенција кога Бензема шутираше во првиот дел, но тоа е се што успеа да направи во натпреварот.

Серхио Буксетс 8 – Одигра фантастично прво полувреме, одигра така како што знае. Не само што го сопре нападот на Реал Мадрид, туку имаше и неколку добри и корисни топки во нападот.

Иван Ракитиќ  6 – Можеби и најслабиот играч во натпреварот, Лука Модриќ беше многу подобар од него.

Андре Гомеш 6 – Играше само на сигурно, изгледаше нервозно во првото полувреме.

Лионел Меси 7 – Не спектакуларно како што навикнавме на него, но во секој случај беше еден од подобрите играчи на Барселона и денес.

Луис Суарез 7.5 – Ја искористи својата шанса во вториот дел, но „уништи“ неколку добри напади на тимот.

Нејмар 7 – Имаше добра шанса во 2-то полувреме, но ја испрати топката над голот. Беше асистент денес, но ова не е една од неговите најдобри игри.

Реал Мадрид:

Кејлор Навас 6.5 – Немаше многу работа денес, при постигнување на голот тој не можеше ништо да направи.

Дани Карвахал 6 – Имаше големи проблеми со Нејмар денес.

Рафаел Варан 6 – Го чуваше Луис Суарез, беше сосема добар во првото, но мораше да реагира подобро при постигнувањето на голот.

Серхио Рамос 8 – Нема сомнеж, човек за големи дела, повторно погоди во 90-та минута за израмнување. Во текот на натпреварот беше смирен, се гледа дека неговото искуство многу значи за тимот.

Марсело 6.5 – Денес имаше повеќе работа од вообичаено во одбраната.

Матео Ковачиќ –Послабо прво и многу подобро второ полувреме за него. Во првото правеше грешки, во второто беше многу поагресивен.

Лука Модриќ 8.5 – Најдобариот играч на теренот, не само поради асистенцијата. Имаше задача и со Меси, а се одработи врвно.

Иско 6 – Не забележителен во нападот, не беше на свое ниво.

Лукас Ваксез 6 – Можеше само да биде досуден пенал врз него, но судијата не се огласи. Многу слаб натпревар.

Карим Бензема 6 – Немаше свој ден. Имаше добра шанса, да беше во подобра форма нема сомнеж дека подобро ќе реагираше.

Кристијано Роналдо 6.5 – Не одигра како што знае, но имаше неколку добри потези.