Очекувана победа за Тотенхем, Керол херој на Вест Хем


ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Завршени се три натпревари од вечерната програма од 22. коло од Премиер лигата во кој се остварени претежно очекувани резултати.

Тотенхем славеше на гостувањето кај Свонси со 2:0. Првиот гол за „петлите“ го псотигна поранешниот играч на Свонси, Фернандо Љоренте. На вториот погодок се чекаше до самиот финиш на средбата кога Деле Али во 88. минута го совлада Фабијански.

Гостинска победа забележа и екипата на Кристал Палас која игра како препородена по доаѓањето на Рој Хоџсон на клупата. „Орлите“ со 2:1 славеа на гостувањето кај Саутемптон преку пресврт. Шејн Лонг го отвори резултатот во 17. минута, а во второто полувреме Кристал Палас направи комплетен пресврт преку Мекартур и Миливојевиќ.

На Олимпискиот стадион во Лондон, Вест Хем славеше победа против ВБА со 2:1. Гостите поведоа преку Меклин во 30. минута. На 1:1 изедначи Енди Керол во 59. минута, а истиот играч го постави и конечниот резултат во 94. минута.