Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Реал не знае кој ќе биде тренер следната сезона, ако им се верува на изворите од Шпанија, Мурињо не е заинтересиран, а можно е да остане Солари и да ја изврши револуцијата.
Покетино исто така е тешка мета, а Јувентус прави се за да го задржи Алегри и тој одговор ќе даде во Април.
Но, без оглед на тоа, овие шестмина играчи сигурно ќе го напуштат Мадрид.
За некои не е изненадување, Навас го продолжи договорот, но ќе биде продаден, ќе се ослободи место на Лунјин, Украинецот кој е на позајмица во Леганес.
Заминува и Марсело, веројатно во Јувентус, Бразилецот по 12 години ќе го напушти Мадрид.
Нема место ниту за Валјехо, кој не ги оправда очекувањата, Лукас Васкез кој ќе го загуби местото по претпоставуваното пристигнување на неколку ѕвезди во нападот, а интересно е што Реал веројатно ќе го напушти и Себалјос. Асенсио ќе остане, како и Модриќ и Каземиро, веројатно пристигнува уште еден играч за врска, па момчето кое сега е стандарден играч би можело да замине.
И на крајот Иско. Иако тој ја чека промената на тренерот, и не сака да замине, во клубот пресекое и ќе го продадат за 100 милиони евра, дали во Сити, или ќе го менуваат за Дибала во Јувентус, останува да видиме.
За Андалужанинот нема место во идната верзија на Реал, делумно поради Рамос, но и проблемите со навивачите, како и лошата атмосфера која ја создава кога не игра.
Што се однесува до Бејл, прашање е дали сака да замине, од друга страна од Реал демантираа дека прифатиле 80 милиони евра, ќе бараат повеќе отколку што го платиле, а нема многу заинтересирани страни, со оглед на тоа што платата на Велшанецот е 15 милиони евра.