Ојлески потпиша за Еурофарм Работник


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Ракометниот репрезентативец на Македонија, Гоце Ојлески и официјално е нов играч на Еурофарм Работник.

Левокрилниот ракометар со битолскиот суперлигаш стави потпис на двегодишен договор.

Ојлески по две сезони поминати во Романија, во тимот на Одорхеи се враќа во нашиот национален шампионат. Претходно стружанецот ги бранеше боите на лутите ривал Вардар и Металург.