Павар повтори: Вие новинарите ме „одведовте“ во Баерн,, јас ништо немам потпишано


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Бенџамин Павар е фудбалерот околу кој се крена огромна прашина после Мундијалот.

Тој е фудбалер на Штутгарт и има само 22 години, а веќе стана светски шампион заедно со Франција и оттогаш многу често овој фудбалер го поврзуваа со Баерн од Минхен.

Сепак, до трансфер нема да дојде според изјавите на овој фудбалер кој може да одговори на позициите стопер и десен бек.

,,Ништо не сум потпишал. Вие новинарите изјавивте дека сум потпишал за Баерн”- рече тој.
,,Јас сум сега во Штутгарт и супер ми е овде. Мој план е да останам во Германија уште година дена. Во голем клуб сум со фантастични навивачи. Овој клуб ми е како семејство”- рече тој.

Инаку ова момче има потпишано договор со Штутгард се до 2021 година.