Пандев во специјално дизајнирани копачки ќе игра против Летонија (ФОТО)


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Македонскиот репрезентативец Горан Пандев утре против Летонија ќе го одигра 100-от меч во репрезентативната кариера и ќе прослави голем јубилеј.

Македонскиот капитен ќе игра против Летонија во квалификациите за Европското првенство во 2020 година, а сите погледи ќе бидат насочени токму кон Пандев.

Пандев реши поради огромниот јубилеј да излезе на теренот во специјални копачки, на кои се наоѓа бројката 100, македонското знаме, како и имињата на неговите деца, Филипо, Ана и Софија.

Напаѓачот објави фотографија од неговите копачки на Инстаграм, а првите реакции на фановите се одлични бидејќи се воодушевени од нивниот изглед.

Сите се надеваат на победа против Летонија, а можеби токму Пандев ќе биде стрелец на некој погодок.