Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Македонскиот репрезентативен капитен Горан Пандев од 15 часот против Фросиноне го игра 400-от меч во Серија А, па така ќе влезе во друштво на само пет странски фудбалери, на кои им успеало тоа.
Пандев минатата недела доби италијанско државјанство, а денеска има шанса да се запише во историјата и да им се приклучи на Самир Хандановиќ, Марек Хамшик, Хозе Алтафини, Курт Хамрин и Хавиер Занети.
Македонскиот капитенво својата кариера има настапувано за Интер, Специја, Анкона, Лацио, Наполи и сега игра во Џенова, каде што има план да ја заврши кариерата.
Најмногу натпревари во италијанската Серија А, Пандев има одиграно за екипата на Лацио, односно 159, додека за Џенова досега одигра 82 меча.