Пандев погоди за Џенова во контролниот натпревар против Кунео (Видео)


Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓


Македонскиот репрезентативен капитен, Горан Пандев беше стрелец на еден од погодоците во убедливата победа на Џеноа над Кунео со 7:0.

Пандев во игра влезе во вториот дел, а погодокот го постигна во 71. минута во тој момент за зголемување на резултатот на 6:0.

Пандев во моментов живее во доста радосни моменти со оглед на раѓањето на третото негово дете, ќеркичката Софија. Нашиот капитен утре ќе го прослави и својот 35 роденден.