Пандев: Сакам пласман на ЕП 2020 со Македонија!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонскиот капитен Горан Пандев кажа за италијански „Газета дело Спорт“ дека негова најголема желба е да обезбеди пласман со нашата репрезентација на Европското првенство во 2020.

Напаѓачот на Џенова вели дека ќе се обидат со репрезентацијата преку Лигата на нации да обезбеди пласман на големото натпреварување, а потоа има план да ја заврши својата кариера.

Како што е познато, Пандев сака да ја заврши кариерата во Џенова, но вели дека има шанса да се случи тоа и на друго место, иако засега приоритетот му е Македонија.

„Планирам да одиграм уште една сезона и потоа да се пензионирам. Сакам да ја завршам кариерата, откако ќе се пласирам со Македонија на Европското првенство“, вели Пандев.

Пандев има богата кариера, каде што веќе долги години настапува во Италија, а најголем успех имаше со Интер, со кој ја освои титулата во Лигата на шампиони.