Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Репрезентативецот на Англија, Деле Али го напушти натпреварот против Тунис во 80. минута, кога на негово место влезе Рубен Лофтус-Чик, а причина беше повреда.
Засега не се знае колку е сериозна повредата, но Али го пропушти денешниот тренинг за да оди на прегледи на кои ќе се знае колку е сериозна повредата, а резултатите ќе ги дознаеме во текот на денот.
За репрезентацијата на Англија, тоа би бил голем удар, а би можел да влијае на текот на првенството.
Да потсетиме, Англичаните едвај вчера го победија Тунис со 2-1, со два гола на Хари Кејн.