Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Фудбалскиот клуб Вардар да објави дека легендата на клубот Дарко Панчев, е промовиран за нов спортски директор на „црвено-црните“. Денеска на прес конференција во Фудбалската Академија на ФК Вардар раководството на тимот предводено од претседателот Мирко Спасески и од извршниот директор Самоил Симев, го презентираше Панчев како нов член во раководството на нашиот клуб.
Почнувајќи ја фудбалската кариера токму во „црвено-црниот“ дрес, Дарко Панчев на прес конференцијата истакна дека му е особена чест што се враќа во клубот во кој што му е во срцето.
„Мислам дека нема потреба да се преставувам, сите знаете кој сум, ниту да зборувам што претставува Вардар во мојата кариера и во мојот живот. Нормално се чувствувам возбуден што сум на помошното игралиште на Вардар каде што ја почнав кариерата. Прекрасно е да знам дека секојдневно ќе бидам на стадионот кој за мене и за многу други засекогаш ќе остане Вардаров стадион. Раководството на Фудбалскиот Клуб Вардар и г-нот Сергеј Самсоненко најдоа вистински начин, можеби и вистински момент да иницираат средба. Разговорите беа конкретни исто како и понудата, и денеска оваа промоција е резултат на сето тоа. Од она што можев да се запознаав во изминатите две недели, можам да кажам дека во клубот се создадени услови кои ќе овозможат работите да се подобруваат во клубот, и Вардар организациски и фудбалски во догледно време да се издигне на едно ниво погоре“, изјави Панчев на денешната промоција во Фудбалската Академија на ФК Вардар.
Панчев истагна дека стратегијата на клубот е веќе зацртена, и се надева дека и неговите идеи ќе се вклопат во концептот за уште подобар Вардар и успеси на меѓународна сцена.
„Стратегијата која е зацртана, со некои мои идеи кои мислам дека ќе се вклопат во концептот, се реална основа да биде остварено она што е желба на раководството, навивачите и пошироката јавност. Јас ќе си дадам време да се запознаам со реалнисте состојби и со играчкиот потенцијал во Првиот тим кој што во домашното првенство е добро позициониран, а ќе се обидеме заедно со стручниот штаб во блиска иднина да се подобрат нештата и на меѓународните натпревари.“, рече Панчев.
Новиот спортски директор истакна дека една од целите е и младинската школа на Вардар која што треба да биде расадник на таленти за иднината на клубот.
„Посебно ќе се концентрираме и на младинската школа која може и мора да биде расадник на потенцијални квалитетни фудбалери за професионалниот погон. Другите идеи кои се однесуваат на важн сегменти за подобрување на посетеноста, меѓународната соработка и соработката со македонските клубот ќе се профилираат и ќе бидат ставени на хартија“, дополни новиот спортски директор на екипата.