Парма се засилува со играч кој блесна во Рома


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Како што пишуваат медиумите во Италија од редовите на Парма се заинтересирани да го донесат Жервињо од тимот на Кина Хебеи Фортјун.

Крилниот фудбалер направи трансфер во Кина откако блесна во дресот на Рома пред неколку сезони.

Претходно репрезентативецот на Брегот на слоновата коска беше член на Арсенал. Инаку Жервињо ќе мора да прифати значително намалување на платата која во моментов му изнесува три милиони евра по сезона доколку сака да се врати во Серија А.

Наводно „Млекарите“ се договориле со Кина Хебеи Фортјун за перманентен трансфер, а сумата засега се уште не се открива.