Патот до богатството: Рајола продава уште една ѕвезда и тоа за – 200 милиони!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Мино Рајола е познат по тоа што е агент на многу познати фудбалери, а сега има големи планови и за Лоренцо Инсиње.

Инсиње, наводно, ќе го прифати повикот на Рајола и ќе стане негов агент, а потоа планира да направи огромен трансфер.

Рајола често ги продава играчите и поради тоа не го сакаат ниту клубовите, ниту навивачите, но едно е сигурно, а тоа е дека добро заработува на трансферите.

Според италијанските медиуми, Инсиње би можел да се пресели во Манчестер јунајтед или Јувентус, а Рајола смета дека може да го продаде за неверојатни 200 милиони евра.

Инсиње е дете на Наполи и тешко е да се замисли во дресот на некој друг италијански клуб, а прашање е и дали ќе го напушти Неапол. Всушност, дури и да не сака, тешко дека ќе избегне таква судбина ако со неговата кариера управува Рајола.