Пеколен план на Жозе Мурињо: Цело богатство ќе се троши на Нејмар!?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Манчестер јунајтед е сериозно заинтересиран за бразилската ѕвезда Нејмар и сака да го купи од ПСЖ.

Најскапиот фудбалер се поврзува со заминување од ПСЖ, иако во клубот стигна летоска, а како главни кандидати за неговиот потпис се споменува екипата на Реал Мадрид.

Меѓутоа, медиумите тврдат дека „црвените ѓаволи“ и Жозе Мурињо сакаат да го видат Нејмар во нивниот состав.

Мурињо е подготвен да понуди за Нејмар вкупно 300 милиони евра, а Нејмар би добил двегодишен договор со 35 милиони евра годишна плата.

Нејмар оваа сезона настапи во 30 натпревари за ПСЖ и постигна 29 голови и 19 асистенции.