Пеле никогаш вака жестоко не удрил по Меси: Каков е тоа играч, кога ги нема квалитетите во сите аспекти…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Легендарниот Бразилец, Пеле често ја забавува фудбалската маса со своите изјави како некогаш со потезите со топката. Но, иако повеќето не се сведоци на тоа во живо, се чини дека во фудбалот би бил повешт отколку во давањето изјави.

Кога ќе проговори, обично прави контроверзии. Сега му е на мета, погодувате, Аргентинецот, Лионел Меси. Често Пеле го коментира Меси, меѓутоа, никогаш вака остро не удрил по петкратниот освојувач на „Златната топка“.

За Пеле, Меси не е ниту меѓу најдобрите пет играчи на сите времиња, а не го спомена ниту Кристијано Роналдо.

„Како можете да споредите некој кој бил добар со топката, шутирал и со лева и со десна нова и постигнал погодоци со глава со некој кој се потпира само на една нога, еднодимензионален е и притоа не постигнува погодоци со глава? Како тоа? Кога некого го споредите со Пеле, тоа мора да биде некој квалитетен во сите аспекти на играта, да шутира и со лева и со десна нога, но и да постигнува погодоци со глава“, истакна 78-годишниот некогашен фудбалер.

Се чини дека Пеле не го гледал финалето од Лигата на шампионите помеѓу Манчестер и Барселона во 2009. година. Токму тука Аргнетинецот погоди со глава во најважниот момент.

За трикратниот светски првак со Бразил постојат многу подобри играчи од капитенот на Барселона.

„Диего Марадона беше еден од најдобрите играчи на сите времиња. Ако ме прашувате дали бил подобар од Меси, ќе ви кажам дека е. Исто како и Бекенбауер и Краф. Сите се тие одлични играчи“, смета Пеле.