Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Како што пишува шпанскиот весник „АС“, Пепе Реина е првиот избор на Милан за наследник на Џанлуиџи Донарума.
Милан пред два дена објави дека Донарума нема да го продолжи договорот со клубот.
Поради таквиот развој на настаните од италијанскиот клуб сега бараат замена за тинејџерот кој одби голема сума на пари за да остане, а изборот паднал врз голманот на Наполи, Пепе Реина.
Договорот на Шпанецот со Наполи истекува следната година и веројатно ќе го напушти Неапол ова лето.
Други имиња кои се споменуваат како наследници на Донарума се Бернд Лено од Баер Леверкузен, како и Нето од Јувентус.