Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Фантастичниот аргентинскиот напаѓач, Серхио Агуеро би можел да го напушти Манчестер Сити.
Пеп Гвардиола е спремен да го пушти Агуеро.
Гвардиола е одлучен да направи голем ремонт во Сити и се најавени голем број промени на лето. После тоа што беше доведен Габриел Жесус за 27 милиони фунти, Агуеро стана недопирлив.
На Пеп му сметаат непромислените потези на Агуеро оваа сезона, посебно црвениот картон во Челси.
Агуеро ќе биде уште еден во низата на важни фудбалери на Сити кои немаат добар однос со тренерот.
Аргентинецот пристигна во Сити во 2011-та година од Атлетико Мадрид.