Перез донесе конечна одлука: Реал добива огромно засилување од Јувентус!?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Реал Мадрид разочара синоќа во Лигата на шампиони, откако загуби во Москва од ЦСКА со 1-0.

На натпреварот можеше да се забележи дека не функционираат работите како што треба и дека им требаат нови засилувања.

Со заминувањето на Кристијано Роналдо се создаде дупка во тимот на Реал, па Флоретино Перез мора да го реши проблемот.

Италијанските медиуми пишуваат дека Перез ќе се обиде да го ангажира Бепе Марота на директорската позиција.

Поминаа неколку дена откако Марота објави дека заминува од италијанскиот шампион Јувентус.

Извршниот директор го напушта клубот месецов и има многу тимови што се заинтересирани за неговите услуги.

Овој 61-годишен директор го напушта Јувентус на 25. октомври по осум години поминати во клубот.

Додека беше во Јувентус, екипата стигна до седум титули по ред во Премиерлигата, четири трофеи во Купот, три Суперкупа, а двапати играа во финалето на Лигата на шампиони.

Инаку, заинтересирани за Марота се и Интер и Манчестер јунајтед.