Перез има нова идеја: Реал Мадрид враќа од пензија трофеен тренер!?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Реал Мадрид пред краток период се раздели со Хулен Лопетеги, па како привремено решение беше поставен Сантијаго Солари, но претседателот Флорентино Перез бара друго трајно решение.

Но, бидејќи нема премногу избор, Перез сака да го врати Јуп Хејнкес во Реал, кој го тренираше клубот и во минатото.

Легендарниот стратег има 73 години, а минатата година се пензионираше, но сега не се исклучува можноста да се врати од пензија повторно на работа.

Наводно, Хејнкес ќе го предводи тимот до крајот на сезоната, а потоа ќе се бара друго решение, односно се споменуваат Маурицио Покетино и Жозе Мурињо, а би можел еден од нив да го преземе клубот.