Перез: Немаме преговарано со Јунајтед за Мората


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез потврди дека клубот нема одржано преговори со претставници од Манчестер Јунајтед за трансфер на Алваро Мората.

Во Шпанија имаше шпекулации дека агентот на Мората, Хуанма Лопез имал разговор на „Бернабе“ за да преговара заминување на неговиот агент.

„Не преговараме со Манчестер Јунајтед, но тоа не значи дека луѓето околу фудбалерот не преговараат, тоа е нормално. Прочитав дека сме постигнале договор за не знам колку милиони евра, но тоа не е точно“- коментираше Перез во интервју за „Ел Пример Пало радио“.

Шпекулациите во Англија и Шпанија говорат дека Мората ги договорил личните услови со Манчестер Јунајтед и дека сега се чека само на договор меѓу двата клуба за услугите на младиот напаѓач.