Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез планира нов спектакуларен трансфер месецов и конечно ќе ги израдува навивачите на клубот, откако сезонава играат многу слабо.
Перез знае дека на клубот му треба нова голема ѕвезда, па ќе се обиде да го ангажира капитенот на Интер, Мауро Икарди.
Реал има големи проблеми со реализацијата, откако си замине Кристијано Роналдо, па токму Икарди треба да биде решението на проблемот.
Шпански „АС“ пишува дека „кралевите“ се блиску до реализација на трансферот, а „нераѕурите“ ќе добијат 110 милиони евра.
Да потсетиме, Икарди веќе неколку пати се поврзуваше со Реал, па останува да видиме дали конечно ќе преземат конкретни чекори.