Перез по изјавата на Роналдо: Секој има право да зборува, но…


Кој ќе победи во Beer Pong - Лига на Шампиони! ↓↓↓


Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, многу брзо даде одговор по изјавата на Кристијано Роналдо дека наскоро ќе одлучи за својата иднина.

Роналдо по финалето во Лигата на шампиони кажа некои работи, кои ги исплашија навивачите и помислија дека ќе замине најдобриот играч на „кралевите“, но така не мисли Перез.

„Сите имаат право да зборуваат, но во тек на ден каков што е овој, мислам дека најважна е прославата на титулата. Кристијано досега има пет титули во ЛШ, па прашајте го дали е среќен. Тој има договор и нема да замине“, кажа Перез.