Перез тргнува во напад! Новиот „Галактикос“ доаѓа од Лондон!


Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓


Фудбалскиот клуб Реал Мадрид повторно го означи Азар како прва мета во наредниот преоден рок.

Таткото на Азар неодамна изјави дека неговиот син не сака да го продолжи договорот со Челси, затоа што очекува повик од Реал Мадрид.

„Азар ги одби сите можни преговори со Челси, затоа што сака да биде подготвен ако пристигне повик од Реал Мадрид.“, изјави неговиот татко.

Челси на Азар му понудил годишна плата од 17.6 милиони евра, а со тоа тој би станал најплатен фудбалер во ПЛ, но сепак Белгиецот го одбил тоа, затоа што сака да се бори за сите трофеи и е подготвен за нов чекор во кариерата.

Азар во Челси пристигна во 2012-та година, а освои 2 титули во ПЛ и има договор со Челси до 2020-та година.

Реал Мадрид е секогаш најпримамлив клуб, а по се изгледа дека го очекува пеколно лето и големи промени.