Перез ја разработува фантазијата кај навивачите на Реал – Замислете го овој тандем во нападот!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Флорентино Перез секогаш е подготвен за нови фудбалери.

Првиот човек на Реал Мадрид гостуваше во едно радио во Монте Карло и отворено призна дека можеби ќе го донесе Мбапе.

Младиот напаѓач на Монако ја полуде цела Европа, има само 18 години и игра сезона од соништата, па во лето го очекува голем трансфер.

Сепак, Перез не сака да се откаже од Бензема, напротив најави можен тандем со него и Мбапе.

„Карим е мешавина на Зидан и Роналдо и дефинитивно најдобрата 9-ка во светот. Убеден сум дека ќе остане кај нас. Многу сум среќен што го имаме во тимот и сигурен сум дека ќе го продолжиме договорот.“

„Тандем Бензема-Мбапе?! Се е можно! Но во овој дел од сезоната не е добро да се зборува за тоа. Сеуште се актуелни борбите во сите натпреварувања.“

Се проценува дека Монако нема да го пушти својот фудбалер за помалку од 100 милиони евра.