Петковиќ прецрта четворица репрезентативци на Швајцарија, Бехрами бесен на одлуката


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Селекторот на репрезентацијата на Швајцарија, Владими Петковиќ се одлучи да им се заблагодари на четворица играчи кои долги години го носеа дресот на оваа репрезентација.

Станува збор за Јохан Џуру, Гелсон Фернандеш, Стефан Лихштајнер и Ваљон Бехрами. Најпогоден од целта оваа ситуација е најде играчот на Удинезе кој од 2005 година ги брани боите на репрезентацијата на Швајцарија.

„Петковиќ ми се јави денес  попладне. Мислев дека ме бара за нормално да се слушнеме, но тој всушност ми ја затвори вратата од репрезентацијата. Селекторот има право да каже што и да сака, но ова е очигледно политичка работа“- коментираше Бехрами, а потоа објави дека неговата репрезентативна кариера е завршена.