Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Македонскиот интернационалец Милован Петровиќ ги напушти редовите на Осиек и во следните десетина месеци ќе настапува како позајмен играч во романскиот прволигаш Сепси.
Петровиќ се уште има важечки договор со хрватскиот клуб, а оваа сезона одигра неколку натпревари за Осиек пред се во Хрватското првенство. Поранешниот играч на Работнички го започна и натпреварот против Австрија Виена во рамките од плеј-офот од Лигата на Европа.
„Сите ние сакаме да играме, а на тренерот е да ги избере оние за кои мисли дека ќе дадат најмногу. Не бев сигурен дека ќе одам некаде на позајмица, а на крајот сепак ја прифатив понудата од Романија и ќе се обидам таму да се наметнам. Секако дека со големо интересирање ќе ги следам натпреварите на Осиек и ќе им посакам на своите колеги и пријатели многу среќа во секој настап“- коментираше Петровиќ за официјалниот клупски сајт.
Романскиот тим на Сепси се наоѓа на деветтата позиција во романското првенство по девет воведни кола во шампионатот.