Пет клубови испратија понуди за Гризман, а тој се сликаше со новиот дрес!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ќе биде соиграч на Џо Харт.

Малку шега, а малку има и вистина.

Антоан Гризман изјави дека не му се слушаат повеќе шпекулации за летниот преоден рок, па повторно дека ќе остане во Атлетико.

Но ако сака некој да ја плати клаузулата, а Атлетико прифати, тогаш Гризман може да бира.

Дури 5 клубови стапија во контакт со неговиот агент, за да ги претстават своите понуди.

Покрај Јунајтед, тука се Сити, Челси, Реал и Барселона.

Гризман е најбаран играч на планетата, ова или можеби наредното лето сигурно ќе го напушти Атлетико, јасно е дека тешко ќе одбере, иако се зборуваше дека најблиску е до Јунајтед.

Во меѓувреме, потпиша договор и тоа како велат, со тимот на Џо Харт. Тој стана „манекен“ на „Хед енд Шоулдерс“ и се сликаше со новиот дрес.