Пет причини зошто Баерн падна: Германија конечно има вистинска трка за шампион!


    Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


    Баерн на почетокот на сезоната не е доминантен како претходните години, па така трката за шампион на Германија би можела да биде многу интересна…

    „Тоа е добро за БЛ, тоа го сака цел свет.“, искоментира Филип Лам.

    Лам го кажа тоа во саркастичен тон, уште лут по поразот од Дортмунд од 1:0. Звучеше многу огорчено, но ја кажа вистината. Како што стојат работите, оваа сезона БЛ би можела да биде многу интересна.

    Баерн по 39 кола и 425 денови ја предаде водечката позиција во БЛ на дебитантот во елитната лига, Лајпциг додека 3-то пласираниот тим, Дортмунд му се приближи на само 3 бодови. Баерн досега освои само 24 бодови, а тоа му е најлош старт од 2010 година, кога тренер им беше Луис Ван Гал.

    Баерн во последните 4 сезони ја освојуваше титулата и ја направи лигата „досадна“. Во тие четири сезони може да се каже дека до Божиќ се знаеше кој ќе биде шампион, но овој пат тоа не е така.

    Што се случи со Баерн оваа сезона? По се изгледа дека постојат повеќе причини за таквиот „пад“ на тимот од Минхен.

    Смена на тренер

    И пред сезоната можеше да се каже дека Баерн овој пат нема лесно да стигне до титулата. Првата причина беше тоа што се мислеше дека Дортмунд состави многу конкурентен тим, но малку кој можеше да предвиди дека Лајпциг ќе се впушти во ваков поход.

    Треба да се има во предвид дека дојде до смена на клупата на Баерн. Наместо Гвардиола дојде Карло Анчелоти, кој е поинаков тип на тренер и треба време за да се прилагоди на новата средина и да ја вметне неговата игра во тимот.

    Повреди во тимот

    Важна улога во лошите резултати на Баерн имаат и големиот број на повреди. Баерн против Дортмунд играше без Коман, Робен и Видал, но и Дортмунд не можеше да смета на најдобриот играч Ројс, па Гуереира и Роде.

    Како што се очекуваше Анчелоти играше формација 4-3-3. Пред натпреварот не се знаеше кој ќе игра како лево крило. Италијанецот тргна со Рибери. Кога и да беше тој во тимот, Барен победуваше.

    Планот на Борусија на почетокот беше јасен, да се притисне задната линија и да се искористат грешките на противникот.

    „Првите 20-25 минути Борусија беше подобра, но потоа ја превземавме контролата. Игравме добро, но резултатот не беше добар.“

    Подобра форма за завршницата на сезоната

    Некои аналитичари ќе кажат дека Анчелоти не прави драма бидејќи е познат по тоа што гледа да има што е можно подобра форма за завршницата на сезоната, а Баерн во овој момент не е толку лош.

    Тој заклучок би бил сосема логичен со оглед на тоа дека Анчелоти со Реал не ги губеше првенствата во вториот дел од сезоната додека во првиот поставуваше рекорди по бројот на победи по ред.

    На Гвардиола му се жалеа што остро се движеше, а на крајот паѓаше, па можеби Анчелоти оди во спротивниот правец, бидејќи ЛШ на Баерн му е прва цел. Но, не треба да се заборави дека Анчелоти знаеше понекогаш и да разочара во првенствата. Има освоено само 3, а тренираше тимови како Јуве, Милан, Челси, ПСЖ и Реал.

    Зголемена борба со остатокот на лигата и недостаток на мотив

    Една од причините зошто Баерн не изгледа доминантен можеби е и зголемата борбеност на тимовите во лигата. По се изгледа дека некои созреаа во психолошки план и Баерн повеќе не може да смета на тоа дека противниците ќе се предаваат и пред да започнат со натпреварот.

    Исто така е возможно да се изгубил мотивот кај Баерн. Нема да кажеме дека тој се изгубил целосно, но не е на нивото на кое што треба да биде.

    Робен и Рибери се „потрошени“, а Милер е надвор од форма

    Баерн донесе добри млади играчи, Коста и Коман се одлични, но сеуште големо прашање е дали се на нивото на „потрошените“ Рибери и Робен. Тие двајца, со Милер заедно беа важни во сите успеси на Баерн во минатите години.

    На ова кога ќе се додаде дека Милер веќе долго време не е во форма, тогаш ќе ја добиете моменталната ситуација и логичен резултат, односно поразите во дерби натпреварите против Атлетико во ЛШ и Дортмунд во БЛ. Засега ситуацијата не е драматична, далеку од тоа, но ако Баерн не ја поправи наскоро, тогаш може многу да се закомплицира борбата за титулата.