Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓
Барселона и Реал Мадрид наредната недела ќе одиграат два натпревари, па нивните пресметки ќе бидат во центар на внимание. Најпрво играат во шпанскиот Куп, а потоа ќе играат и во Ла Лига.
„Кралевите“ се жалеа во последниот период поради незгодниот календар кој го имаат, а денеска тренерот Сантијаго Солари кажа дека тие ќе имаат еден
Следната недела, Барселона и Реал Мадрид два пати ќе ги одмерат силите на „Сантијаго Бернабеу“. Лутите ривали најпрво ќе се сретнат во среда во Копа дел Реј, а потоа во сабота во рамките на Ла Лига.
Каталонците денеска славеа убедливо кај Севилја и така ја продолжија одличната форма пред пресметките со „кралевите“, а Жерар Пике реши да ги „пецне“ вечните ривали.
„Колку што се сеќавам, тие имаа еден ден повеќе за одмор во првото ‘Ел Класико’, но тогаш загубија со 1-5. Тие ќе се обидат да победат, но ние нема да се предадеме. Како и секогаш, очекувам жестока пресметка“, вели Пике.