Пике за роденден за „подарок“ си доби – скршена глава (ФОТО)


Франција без гол до полуфинале, таму ја чека разиграната Шпанија! ↓↓↓


Барселона синоќа се спаси од дебакл против Валенсија на домашен терен, откако имаше негатива од 0-2, но потоа со два гола на Лионел Меси успеаа да израмнат на 2-2.

Аргентинецот се повреди во натпреварот, но според најновите информации навивачите може да здивнат, зашто не станува збор за сериозна повреда и Меси ќе биде подготвен за дуел против Реал Мадрид.

Многу полошо помина Жерар Пике, кој поради жесток удар со фудбалер на Валенсија заврши со скршена глава.

Пике вчера го прослави и 32. роденден, а може да се каже дека немаше премногу причини за славје, зашто покрај лошиот резултат, имаше и скршена глава.